Оваа година би можела да биде пресудна кога се во прашање шифрите, со кои се отклучуваат „паметните“ телефони.
Компанијата „Епл“ ова лето треба да го претстави својот нов производ „ајФон 5Ѕ“, кој според неофицијалните информации ќе се отклучува со препознавање на отисок од прстите, со што досегашните кодови и шифри за отклучување ќе станат дел од минатото.
– Очекуваме дека ајФонот 5Ѕ под хоум тастерот ќе има чип за препознавање на отисокот од прстите на сопственикот, со што ќе се зголеми безбедноста на телефобот, но и ќе се олесни употребливоста, објасни аналитичарот на КГИ Минг-Чи Куо.
На почетокот на годинава се појавија гласини дека „Епл“ на новите производи ќе им ја смени техниката заснована на препознавање ликови. Меѓутоа оваа технологија ги покажала и своите недостатоци, бидејќи повеќе пати се случувало телефонот наместо ликот на сопственикот да препознае лик од фотографија.