Нови детали од разводот на Бритни Спирс и Сем Асгари: „Таа го удираше додека тој спиеше“

Од:

Светот на шоубизнисот беше изненаден од веста дека поп пејачката Бритни Спирс се разведува од сопругот Сем Асгари по само 14 месеци брак, а сега протекоа нови детали.

Изгледаа како совршен пар, а потоа се чинеше дека една голема тепачка била фатална за нив. Се шпекулираше и дека пејачката го изневерувала својот сопруг, а како што сега пренесува TMZ, изгледа дека Бритни со години физички го повредувала својот сопруг. Таа наводно еднаш му го „посинила“ окото додека тој спиел.

Како што откриваат извори блиски до парот за ТМЗ, Сем наводно често им се жалел дека Бритни физички го повредувала во текот на нивните 7 години заеднички живот. Често имало тепачки каде требало да интервенира обезбедувањето, но во една прилика обезбедувањето не било на повидок. Сем спиел во нивниот кревет во моментот кога одеднаш втрчала Бритни и почнала да го удира.

Според изворот, Сем не возвратил, но бил шокиран кога неговата сопруга го удрила. Тој наводен инцидент се случи претходно оваа година, токму кога се појавија фотографии од Сем Асгари со модринки околу окото и траги од каснување на подлактицата.

Папараците дури го прашале какви му се тие модринки, но Сем се правел дека не знае за што зборуваат и ги замолил да не му пречат. Извори за TMZ изјавија дека тој е особено загрижен бидејќи неговата позната сопруга била фасцинирана од ножеви. Ги имала низ целата куќа, па дури и во нивната спална соба.

Бритни, според еден извор, „била параноична дека некој ќе ја грабне и и требале ножеви за заштита“.

Се наведува и дека Бритни била склона да „полуди“ и за најмала работа, а со таквото однесување знаела да го исплаши и својот сопруг. TMZ претходно објави дека Сем и Бритни имале голема тепачка пред неколку недели кога ја обвини за измама, поради што поднесе барање за развод.

Изворите сега тврдат дека тоа едноставно било последната капка во оваа бурна и мачна врска.

Би можело да ве интересира

Бритни Спирс го обнови контактот со синот, не се виделе со години

А1он

Ќе се снима филм според мемоарите на Бритни Спирс

(ВИДЕО) Бритни Спирс: Ограбена сум

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс ги демантираше информациите дека снима албум

Не може да се справи со новонастанатата ситуација: Добива остри критики по мемоарите на Бритни Спирс

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс откри дека го абортирала детето на Џастин Тимберлејк: „Тој не сакаше да биде татко“