Новата јахта на Роман Абрамович чини над 400 милиони евра

Од:

Новата мегајахта на рускиот милијардер Роман Абрамович, наречена „Соларис“, е речиси подготвена за првото свое патување и чини 500 милиони долари (околу 410 милиони евра), пренесува РТС.

Снимен за првпат, огромниот брод има два софистицирани електрични мотори што го прават – најмоќната јахта во светот. Фактот дека има осум палуби, исто така, доволно зборува за големината.

Јахтата има 48 кабини и може да прими 36 патници, а екипаж од 60 лица е одговорен за нејзиното работење. Може да достигне брзина од 18 јазли (33,3 километри на час), има носивост од 11.000 тони, а долга е 140 метри.

На пловилото има базен, бар на отворено, џакузи, сауна и хеликоптер. Според британски „Сан“, тоа веројатно ќе биде подготвено да плови до летото.

Би можело да ве интересира

Абрамович купува бразилски гигант

Канада го запленува имотот на рускиот олигарх Роман Абрамович

За шефот на Премиерлигата, ерата на Роман Абрамович во Челси не беше добра за имиџот

Американски суд дозволи заплена на авиони на Абрамович

Ана Ололовска

Абрамович го тужи Советот на ЕУ

Ана Ололовска

Абрамович побарал дополнителни 500 милиони фунти за продажбата на Челси

А1он