Новата јахта на Џеф Безос е толку голема што ѝ треба и „помошна јахта“

Од:

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, купува брод, поточно суперјахта долга 127 метри. А, таа суперјахта е толку голема, што наводно, има потреба и од „помошна јахта“ со хелиодром, објави „Блумберг“.

Проценетата вредност, без „јахтата за поддршка“ на бродот, е 500 милиони долари. Холандскиот производител на луксузни јахти „Оушн-ко“ не објави многу подробности за бродот. Неговото име е „Проект 721“ (Project 721).

Половина милијарда долари се незамисливи пари за повеќето луѓе, но тоа е само мал дел од 75-те милијарди што Безос ги заработи само 2020 година. Според „Блумберг“, неговото вкупно нето – богатство изнесува скоро 200 милијарди долари.

Акциите на Амазон, основен извор на приходи на Безос, пораснаа неверојатни 75 отсто лани, откако пандемијата го смени однесувањето на потрошувачите во корист на компанијата. Тогаш и Волстрит почна да вложува многу повеќе во технолошки компании.

Би можело да ве интересира

Безос најави дека ќе подари поголем дел од богатството

Ана Ололовска

Кабинетот на Макрон: Безос вети милијарда долари до 2030 година за заштита на животната средина и биолошката разновидност

Ана Ололовска

Вработените во Амазон гласаа за формирање синдикат на магацинот на Стејтен Ајленд

А1он

ВИДЕО: Успешен лет во вселената на ракетата на Џеф Безос со шест патници

Ана Ололовска

Џеф Безос вети две милијарди долари за намалување на ерозијата на почвата

Компанијата на Џеф Безос ќе гради вселенска станица „Орбитален гребен“

Ана Ололовска