Нова социјалната мрежа за муслиманите „Саламворлд“

Од:

Со цел да ги собере сите муслимани од целиот свет направена е нова социјална мрежа „Саламворлд“ наменета само за нив.

На прв поглед „Саламворлд“ не е многу различна од другите социјални мрежи, но разликата се сотои во содржината.

Таа е безбеден простор за сите корисници, без порнографија или нешто што е спротивно на принципите на исламот, велат неговите творци.

Комуникација меѓу луѓето кои зборуваат различни јазици нема да биде проблем, бидејќи мрежата нуди опција за преведување.

Во моментот мрежата се тестира на околу илјада корисници од Босна и Херцеговина, Турција, Египет и Индонезија.

Таа не е прва социјална мрежа наменета за муслиманите. Но, за разлика од претходните проекти, наменета е за поширока употреба, иако седиштето и е во Турција.

Мрежата им дозволува на властите да ги постават насоките за дозволената содржина, врз основа на нивното толкување на исламот, кој варира од земја до земја.

Аналитичарите сметаат дека оваа мрежа не може да биде сериозен кокурент на „фејсбук“, но менаџерите веруваат дека нејзиното создавање е неопходно.

„Зборуваме за 1,5 милијарди муслимани. Можеби сите како и јас мислат дека е тоа мал процент, но сепак не е, туку е една голема бројка“, рече еден од менаџерите на „Саламворлд“.

 

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска