Јужнокорејскиот производител на телефони Самсунг најави нова серија РЕХ смартфони со подобрени карактеристики.
– Како иноватор и лидер на пазарот на мобилни телефони посветени сме на развојот на најдобрите можни мобилни решенија кои ќе одговараат на сите животни стилови и буџет. Поради тоа сме многу возбудени што ја претставуваме РЕХ серијата на голем број светски пазари во развој, изјави Џ.К. Шин, претседателот и директор на Одделението за ИТ и мобилни комуникации на компанијата „Самсунг“.
Самсунг РЕХ серијата содржи четири уреди РЕХ 90, РЕХ 80, РЕХ 70 и РЕХ 60. Секој уред е направен да овозможи пристап на разновидни и единствени функции развиени за подобрување на дневните и животни потреби на корисниците и тоа по пристапна цена.
Сите уреди доаѓаат со Фејсбук апликација и Опера интернет пребарувач, како и голем број Самсунг апликации, како што е ЧетОн.
РЕХ 60 е опремен со 2,8 инчен ТФТ ЛЦД дисплеј и 1,3 мегапиксели камера на заданиот дел, како и можност да работи со две сим картички. РЕХ 70 има 3 инчен ТФТ ЛЦД дисплеј и 2 мегапиксели камера.
РЕХ 80 доаѓа со 3 инчен екран и 3,2 мегапиксели камера, додека РЕХ 90 има 3,5 инчен ТФТ екран и 3,2 мегапиксели камера.
Сите уреди имаат опција за поврзување преку Блутут, УСБ 2.0 и Ви-Фи.