Нова опција на Фејсбук за обраќање до локалните власти

Од:

Фејсбук сака да им олесни на корисниците да ги пронајдат и да им се обратит на претставниците на своите локални власти, со помош на новата опција која се нарекува „Градски совет“.

Опцијата е многу едноставна за користење, само ја внесете својата адреса, која нема да биде видлива за другите, а потоа ќе добиет листа на избрани претставници од вашата општина на локално, федерално и државно ниво.

Потоа можете да се одлучите дали ќе ги следите или ќе контактирате на Фејсбук.

Опцијата можете да се најде и на мобилната апликација со клик на менито, а на веб се наоѓа на левата страна на пребарувачот.

Контактите со владините функционери ќе ви се прикажат или тие лично ќе ве контактираат само ако имаат Фејсбук страници, а исто така од информациите кои ќе ги споделуваат ќе зависи на кој начин ќе можете да ги контактирате.

Некои Фејсбук корисници навеле дека успеале да најдат 12 свои претставници во власта, но на еден корисник на Фејсбук не му се понудил претставник на Градскиот совет, иако како што вели, тој има официјална Фејсбук страница со сите контакт информации.

– „Градски совет“ е дел од нашата постојана работа со која сакаме да го поддржиме граѓанскиот ангажман на денот на изборите, но и секојдневно. Тоа е простор за луѓето кои сакаат да го запознаат и да учествуваат во политичкиот процес, изјави портпарол на Фејсбук.

Опцијата прво ќе биде достапна само на корисниците на САД, а се уште нема информации кога е планирано да се прошири и на другите земји.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он