Дизајнери на Масерати претставија нова колекција мебел, креирана во соработка со студиото за мебел Занота.
Новата колекција која е прикажана на Салонот за мебел во Милано прикажува главни карактеристики на дизајнот oд возилата Масерати.
Колекцијата на мебел претставува соработка која е почната во годината кога за првпат е прикажан столот Масерати Грандтур Лаунџ.
Оваа година дизајнерите додале колекција од стол Корина и маса Маестрале. Колекцијата е дизајн на Лудовика и Роберто Паломба. Овие парчиња мебел се засновани на метални хромирани рамки кои се претставени во црна боја. Масата е направена од темен орев.