Нова Касперски заштита од хакерски напади

Од:

Компанијата „Касперски Лаб“ денеска го претстави својот нов антивирус Касперски Треат Хантинг, за поголема заштита од хакерски напади.

Сетот услуги вклучува две единствени платформи – „Касперски Менаџд Протекшн“ и „Таргетед Атак Дискавери“. Тие имаат за цел на ИТ експертите и на тимовите да им ја обезбедат неопходната експертиза за детектирање и анализа на закани од висок ризик, особено оние без фајлови, како и заштита од напади без малвери, кои киберкриминалците се почесто ги користат.

Според истражувањата на компанијата „Касперски Лаб“ за глобалните безбедносни ИТ ризици, неможноста да се детектира инцидентот до седум дена по појавувањето двојно, дури и повеќе, ги зголемува финансиските губитоци на компаниите кои се цел на нападот. Бројките покажуваат дека наместо 451.000, реалната штета изнесува 1,2 милиони американски долари.

Би можело да ве интересира

Истражување на „Касперски“: 84% родители загрижени за безбедноста на децата додека се на интернет

Ана Ололовска

„Твитер“ забрани реклами на „Касперски“

Наум Локоски

Касперски: Имавме доверливи податоци од САД, но ги избришавме

Наум Локоски

Њујорк тајмс: Израел открил руски хакери дека го злоуптребуваат „Касперски“ за крадење информации од компјутери

Ана Ололовска

Најавено ново сослушување на „Касперски“ во Конгресот на САД

Наум Локоски

Сите американски министерства добија наредба да ги отстранат производите „Касперски“ од компјутерите

Ана Ололовска