Нова јога: Со пцуење, викање и пиење пиво до рамнотежа

Од:

Јогата е медитативна, смирувачка, релаксирачка вежба која Ве подготвува за целиот ден, но сега тоа е можно и со поинакви, малку порадикални методи.

Се работи за новиот правец именуван „бесна јога“ (rage yoga), основан од инструкторката Линдзи Истас. Оваа пракса, покрај истегнувањето и позиционите вежби, вклучува и лош хумор, пцуење и пиење пиво, што води до „зен-состојбата“.

– Тоа е повеќе од вежба, „Бесната јога“ е стил на живот, истакна Линдзи.

Ешли Дузиќ од Хјустон, САД, која исто така е инструкторка на „бесна јога”, нагласува дека луѓето треба „да се ослободат од сè она што е непотребно и вишок“.

– А, тоа не доаѓа само со смирување, медитација и тишина, како што многумина мислат, вели Ешли.

Таа смета дека овој метод овозможува ослободување од гневот и фрустрациите целосно, темелно на здрав начин.

Би можело да ве интересира

Газираните сокови штетни за срцето, стомакот, но и за нервниот систем

Ана Ололовска

Редовното вежбање го подобрува сексот

Ана Ололовска

Експлицитните пцости ја намалуваат болката

Ана Ололовска

Што жените подобро паметат од мажите?

Ана Ололовска

Луѓето што чуваат кучиња се поздрави

Ана Ололовска

Студија: Вегетаријанците и веганите имаат поголем ризик од мозочен удар