Јужнокорејскиот производител на мобилни телефони „Ел-Џи“ на претстојниот Светски мобилен конгрес во Барселона ќе претстави три нови телефони Л7, Л5 и Л3.
Втората генерација на Оптимус Л7 претставува врв на понудата на компанијата и ќе биде опремен со 4,3 инчен екран, 1 гигахерци дуал кор процесор, 768 мегабајти РАМ, задна камера од 8 мегапиксели, батерија со 2.460 мили Ампер часа и оперативен систем Андроид 4.1.2.
Оптимус Л5, од втората генерација ќе поседува екран од 4 инчи и резолуција 800х480, 1 гигахерци процесор и оперативен систем Андроид 4.1.2.
Оптимус Л3 II има подобрен ИПС екран, 1 гигахерци процесор, камера од 5 мегапиксели и Андроид оперативен систем.
МИА