Луѓето честопати имаат проблеми со траењето на батериите на нивните смартфони, па често употребуваат тнр. екстерна батерија.
Литиум Кард Волет батеријата е мала и практична батерија, чијашто дебелина е еднаква на пет кредитни картички, така што лесно може да се стави во паричник или пак, во задниот џеб.
Освен тоа, поради алуминиумската рамка, таа е прилично отпорна на кршење, а има и Лајтнинг конектор за поврзување со телефонот. Се полни, просечно, за час и 40 минути, а има и верзија за микро-УСБ конектор.
Нормалната цена изнесува 59,99 долара.