Новиот смартфон од Сони „Експирја ЗР“ без проблеми работи под вода и овозможува снимање во ХД на длабочина од 1,5 метри. Сони Експирија ЗР има ИП55 и ИП58 ниво на отпорност на вода. Сепак, од компанијата истакнуваат дека водоотпорноста се однесува на „свежа вода“ и дека не се препорачува нуркање во мориња и океани.
Новата Експирија ЗР има екран осетлив на допир од 4,6 инчи, 1,5 гигахерци квад-кор процесор, камера од 13 мегапиксели и 2 ГБ РАМ.
Камерата овозможува снимање на фул ХД видеа, додека Ексмор РС сензорот овозможува правење ХДР фотографии и видео.
Новиот Сони Експирија ЗР на пазарот ќе се најде во вториот квартал на 2013 година, а цената се уште не е позната.