Казиното „Black Bear“ го сруши гинисовиот рекорд за чизбургер со својот сендвич, во кој плескавицата беше направена од 27 килограми сланина, а имал и 23 килограми зелена салата, 23 килограми кромид, 18 килограми кисели краставички и 18 килограми кашкавал. За печењето на плескавицата биле потребни точно 4 часа и кран за да ја сврти од другата страна.
Казиното од Минесота го покажало своето дело, чиј дијаметар бил 3 метри и тежината од околу еден тон (914 килограми), со што влезе во книгата на рекордите.
Огромниот „бургер“ беше послужен во неделата, а освен што имало за сите, бил и многу вкусен.
Претходно рекордот го држеше навидум ситниот сендвич во споредба со овој, кој тежеше само 400 килограми.