„Луј Витон“ го лансираше својот нов парфем за годинава. Станува збор за „Ле Жур Се Леве“, женствениот мирис кој ветува експлозија од свежина – идеална за напролет.
Името на парфемот значи „дневен одмор”, содржи ноти на мандарина, јасмин, црна рибизла и бергам, а концептот е на Жак Кавалие.
– Овој мирис е сеопфатен, но поседуна и „доза на смелост“. Тој сјае! Нотите на мандарина му даваат слаткост, која поставува баланс против острината на црната рибизла и јасминот. Мислам дека овој парфем може да го наречеме цветно-овошен. Јас лично го викам „смело-вкусен”, објаснува Кавалие во едно интервју.
„Ле Жур Се Леве“ ќе се продава во шишенца од 100 и од 200 милилитри.