Нов монолит се појави во Калифорнија

Од:

Нов мистериозен монолит се појави на врвот на планината Пејн во Калифорнија, само една недела откако ист таков објект се појави во пустината во Јута, пред да биде уништен од луѓе, објави денеска „Гардијан“.

Медиумите во блискиот град Атаскадеро, на средишниот брег на Калифорнија, објавија за нов монолит, овој пат на Пејн, каде што десетици планинари дојдоа да го видат новиот мистериозен предмет.

Изгледа дека монолитот е од не’рѓосувачки челик, висок е повеќе од три метри и широк 45 сантиметри. Предметот е заварен на секој агол, и зацврстен со завртки што ја прицврстуваат челичната рамка однатре. Монолитот е нестабилен и може да се движи, пишува весникот „Атаскадеро“.

Би можело да ве интересира

Откриен уште еден мистериозен монолит

Предраг Петровиќ

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска