Нов луксуз: Цигара која остава златен пепел

Од:

Произведувачите на квалитетни кубански цигари, сега престижот кој и инаку се поврзува со овој порок, го кренаа на целосно ново ниво и на вистинските уживатели им овозможија уште пософистицирано уживање.

Со векови добрата цигара во рака потсетува на животниот стил на богатите и познатите и една е една од статусните симболи. Меѓу уживачите на овој „луксузен чад“ се и Мадона, Брус Вилис, Томи Ли Џонс и Силвестер Сталоне. Дека овој скап порок може да биде уште поскап докажува најновиот вид на цигари – таа после која останува златен пепел.

black-tie-gold-cigar

Софистицираноста и луксузот кои се поврзуваат со овој порок ги натераа произведувачите да прават се поквалитетни верзии на познатите „Cohiba“, па така се издвојува сетот од ограничената серија направена по повод 40 – годишнината на оваа компанија каде пакувањето „никотин“ чини неверојатни 18.846 долари.

Сега е направена најпрестижната серија цигари која ќе ги задоволи и врвните познавачи.

Имено, во прашање се рачно смотани цигари „London cut bourbotn“ и „Gold Hand – Rolled Cigar“ од која настанува златен пепел.

cigara1

Познавачите наведуват дека цигарата гори совршено и остава златен пепел поради тоа што висококвалитетниот тутун е завиткан во 24 каратна хартија од злато кое се јаде, што според познавачите, дава дополнително уживање.

Цената на парче на „ големо“ чини 500 американски долари, додека оние изработени по порачка се поскапи.

Би можело да ве интересира

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

Орце Костов

Негувателка во градинка во Велес им дала на децата да пробаат електронски цигари: Суспендирана е од работа

Орце Костов

(ВИДЕО) Царинска управа: Запленети 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари

Горан Наумовски

Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска нема пушење на затворени јавни места

Гевгеличанец се обиде да шверцува голема количина цигари без документација

Производителите на цигари ќе мора да ги сносат трошоците за чистење на улиците од отпушоци