Јужнокорејската компанија „Самсунг“ е позната по тоа што сака да лансира различни верзии на еден ист апарат, со цел да задоволи колку може поголем број на корисници.
Според сајтот ЕТ News, компанијата наводно планира својот апарат Note III да го претстави во четири различни верзии истовремено.
За разлика од другите модели на смартфони, различните апарати нема да имаат поинакви имиња за полесно да се разликуваат, како Галакси Ѕ4 и Ѕ4 мини.
Меѓу себе ќе бидат различни по големината на екранот, видот на екранот и материјалот од кој се направени. Клучните компоненти, како што се процесорот и меморијата, ќе бидат идентични кај сите четири модели.