„Нокиа“ втора во светот

Од:

„Нокиа“ и понатаму е втор по големина производител на мобилни телефони во глобални рамки.

Тоа го покажуваат најновите податоци што ги обелодени компанијата за анализа „Гартнер“. Според „Гартнер“, постојат два начина да се опише светскиот пазар на мобилни телефони.

Доколку се пресмета тоталната продажба на сите модели, како смарт-телефоните така и другите модели, „Нокиа“ и понатаму е втора на листата, по кореанскиот „Самсунг“.

„Нокиа“ има 19,2 проценти од светскиот пазар, или 82 милиони продадени единици. Тоа е отприлика половина од продажното ниво кое „Нокиа“ го постигнуваше во своите најдобри денови. „Самсунг“ допира до 22,9 проценти од светскиот пазар и има продадено 98 милиони мобилни телефони.

Оддалеченоста од третопласираниот „Епл“ е голема. „Ајфон“ има само 5,5 проценти од светскиот пазар на мобилни телефони. Потоа следи група производители оо 2 до 4 проценти од светскиот пазар. Јапонскиот „Сони“ е во групата „други“, но овој поранешен партнер на шведскиот „Ериксон“ вообичаено има 1,5 проценти од светскиот пазар.

Друг начин да се опише пазарот на мобилни телефони е да се прикаже само продажбата на смарт-телефоните. Тие се постојано во пораст и на нив моментно отпаѓа 40 проценти од тоталната продажба на мобилни телефони. Во овој дел најсилна е борбата меѓу „Епл“ и Андроид-фамилијата.

Според „Гартнер“, пренесува Шведското радио, тоталната продажба на мобилни телефони во светот бележи пад во две тримесечја по ред. Во текот на третото годинашно тримесечје падот изнесува три проценти, или вкупно 428 мулиони телефони, споредено со истото тримесечје во 2011 година.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска