Водечките производители веќе подолго време пројавуваат интерес за можноста да претстават смартфон со сензор за отпечаток, кој е вграден во екранот. Оваа технологија претставува иднината на биометриските методи за идентификација и едвај неколку месеци почна да стекнува изглед, кој ќе го забрза доаѓањето на првите уреди со такви сензори.
„Синаптикс“ веќе ги демонстрираа можностите на сензорот за отпечаток, кој може да се „вгнезди“ во дисплејот и очекуваат до крајот на годината да видиме слични модели со Андроид на пазарот.
Најновите податоци од „ТекРадар“ откриваат дека претстојниот „Нокиа 9“ ќе ја понуди оваа интересна функционалност. Вклучувањето на сензор во самиот дисплеј ќе обезбеди повеќе простор за самиот екран, но исто така ќе придонесе за ултра-тенка големина на паметниот телефон. Информациите се од извори блиски до компании кои тврдат дека „ХМД Глобал“ веќе има воспоставено контакти со водечките производители на компоненти. „Нокиа 9“ ќе биде нивниот предводник во втората половина на 2018 година.
Новиот паметен телефон ќе има голем дисплеј со минимални рамки, кој има пресек на врвот, по примерот на „ајФон Х“. Токму таму ќе биде сместена предната камера, која ќе остави максимален простор за самиот дисплеј.
Се очекува „Нокиа 9“ да работи на процесорот Снапдрагон 845 и да нуди импресивни способности за мобилна фотографија. Само времето ќе покаже дали „Нокиа 9“ може да ги надмине другите конкуренти на Андроид, вклучувајќи го и „Галакси Ноут 9“, и да понуди сензор за отпечатоци на екранот.