Роверот на НАСА Кјуросити само што почна да испраќа фотографии од Марс, а веќе на нив се воочени првите необични работи.
На фотографиите се забележуваат објекти кои наликуваат на НЛО, кои според аналитичарите оставаат траги и на црвената планета при слетувањето.
Една секвенца од филмот што го испрати Кјуросити покажува бели објекти кои се движат на хоризонтот на Марс.
Воочена е уште една необичност. Ако се погледне добро на снимката од панорамата што ја испрати кјуросити се гледа друг објект кој е сместен на одредена оддалеченост од роверот.