Јапонската компанија „Никон“ денеска го претстави компактниот фотоапарат „Coolpix А“, кој има вграден 16,2-мегапикселен CMOS сензор со DX формат, како и новиот фотоапарат „Coolpix Р330“ од класата напредни компактни фотоапарати.
Моделот „Coolpix Р330“ е опремен со f/1,8 „NIKKOR“ објектив со 5х оптички зум и CMOS сензор од 12 мегапиксели со заднинско осветлување, се наведува во соопштението.
Овој модел има можност за снимање Full HD филмови, бележење податоци во RAW (NRW) формат, како и конекција на безжичен интернет.
„Никон“, исто така, го претстави и новиот телефото зум објектив со FX формат и супериорен оптички дизајн. Новиот „6G ED VR“ телефото зум објектив се одликува со подобра оптичка конструкција, која лесно ги задоволува потребите на денешните D-SLR фотоапарати и е одличен за снимање на животинскиот свет, пејзажи или спортски настани.
Овој објектив покрива се, од средно до супертелефото растојание, и дава одлични оптички перформанси во различни услови, а системот за смалување на вибрации овозможува корекција до четири степени во целиот опсег на зумот, дури на 400 милиметри.