Nikon D7100 најдобар апарат за 2013 година

Од:

Фотоапаратот Никон Д7100 е добитник на престижната награда „Европска камера на годината“ на овогодинешното доделување на ЕИСА 2013 за најдобар Д-СЛР фотоапарат во ДХ формат.

ЕИСА – Европско здружение за графика и звук секоја година ги номинира најдобрите апарати во различни категории на аудиовизуелни производи претставени во Европа во изминатите 12 месеци.

Според ЕИСА жирито Д7100 моментално е лидер на семејството фотоапарати Никон во ДХ формат, бидејќи претставува комбинација на исклучителен квалитет на сликата и напредни функции. Неговиот АПС-С сензор е дизајниран без оптички ниско-пропусни филтер, благодарение на што се достапни сите резолуции од 24,1 милион миксели, без намалување на острината. Брзиот систем на автоматски фокус со 51 точка и континуирано фотографирање со голема брзина се идеални за снимање предмети во движење, се наведува во соопштението на ЕИСА.

Наградите ЕИСА се доделуваат на производите што ќе ги задоволат љубителите на фотографии и професионалните фотографи кои сакаат висок квалитет и креативни функции. Наградите ги доделуваат групи составени од претставници од над 50 различни магазини од повеќе од 20 европски земји кои се занимаваат со аудио и видео опрема, домашни кина и мобилни уреди.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска