Грејс Кели беше позната како убавица на екраните, а Никол Кидман сјае на првите фотографии каде ја глуми оваа филмска легенда. Австралијката Никол ја игра филмската легенда Кели во филмот Грејс од Монако, а на фотографиите од филмот 45-годишната актерка блеска исто како Кели која заради љубов ја откажа својата холивудска кариера, мажејќи се за Рание III, Принцот од Монако, во 1956.
Иако децата на Кели го опишуваат филмот како „чиста фикција“, Никол возвраќа на коментарите, опишувајќи дека портретот на ѕвездата го прави со „од почит“.
Филмот режиран од Оливер Дахан, се фокусира на Кели, која станува славна глумејки во „Избери М за убиство“, кога била во своите рани триесети. Поставен во 1962 година, филмот го следи личниот живот на поранешна актерка за време на познатиот спор меѓу Франција и Монако поради даночните закони.
Децата на Кели, принцот Алберт Втори, принцезата Каролина и принцезата Стефани, ги критикуваа историските невистинитости во филмот, а дури бараа и промени на содржината тврдејќи дека нивната мајка е претставена во „непотребен гламур“.
Дахан за Телеграф изјави дека филмот е студија на еден карактер и не е замислен да биде сериозен биографски филм, велејќи:
„Јас не сум новинар или историчар. Јас сум уметник. Не сум направил биографски филм. Всушност мразам биографски филмови“.
„Јас всушност имам направено, човечки портрет на модерна жена која сака да ги поврзе своето семејство, сопругот и кариерата. Но, таа ќе се откаже од својата кариера и ќе измисли нова улога. А тоа ќе биде болно“, вели Дахан.
Кралската венчавка: Грејс Кели се мажи за Принцот Рание III од Монако во 1956- филмот се фокусира на животот на актерката после бракот.
Никол го возврати ударот на минатонеделните критики, велејќи: „Сакав да изразам почит кон неа, нејзината приказна и нејзината суштина”. Приказната започнува шест години откако поранешната актерка е во брак со Принцот и каде што мора да му помогне на сопругот околу даночните законски реформи во Монако, кои во тоа време ги барал францускиот лидер Шарл де Гол.
Сепак фановите на Кели и Кидман ќе мора да почекаат до 2014, кога се очекува премиерата на филмот.