Никој не ги чита условите за Wi-Fi: 22.000 луѓе се согласиле да чистат тоалети

Од:

Провајдерот на јавниот Wi-Fi Purple се одлучи да го сврте вниманието на тоа колку луѓе генерално не водат сметка за читањето на условите за користење на разни сервиси и услуги, така што спровел експеримент во кој од корисниците се бараат луди работи.

Да бидеме искрени: Колку од нас навистина тоа го прават кога отвораат профили или се пријавуваат за било што?

Одговорот е „малку” или „речиси никој”, што покажа и неодамнешното истражување на компанијата Purple, која нудела бесплатно Wi-Fi во замена за чистење на јавни тоалети, канализациски сливници и животински измет од улиците, стругање на мастики за џвакање, прегрнување на улични мачки и кучиња, фарбање на куќички за полжави, итн.

Многу луѓе кои се согласиле на 1.000 часа „општествено корисна работа”, всушност не ни знаеле на што се согласиле додека го чекирале полето „I agree”.

Во период од две недели, колку што траело истражувањето, само едно лице сфатило дека се работи за „измама”.

„Корисниците на Wi-Fi треба да обрнат цело внимание кога пристапуваат на отворена мрежа. На што се согласуваат, колку лични податоци се подготвени да поделат и што се им овозможуваат на провајдерите? Нашиот експеримент покажа дека многу е лесно да се наведат луѓето да се согласат на нешто што не го сакаат” – рече Гавин Виндон извршен директор на компанијата Purple.

Компанијата за среќа соопшти дека никој нема да биде принуден да ги исполни условите за користење на бесплатниот интернет.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска