Верувале или не, Американците докажаа дека ако си повеќе образован, поголема е и веројатноста да живееш подолго.
Научниците од Универзитетот во Илиноис покажа дека најголема корист од образованието е должината на животот на луѓето, односно повеќе образованите луѓе, обично имаат и подобар социо-економски статус, а со тоа и подобри услови за живот. Спротивно на тоа, луѓето кои не завршиле ни средно училиште, често живеат многу пократко од просекот.
Во принцип, помалку образованите луѓе имаат животен век како во педесеттите и шеесеттите години од минатиот век.
„Мажите со највисоко ниво на образование, во просек, живеат 14 години подолго од необразованите, а кај жените таа разлика е 10 години“, соопштил стручниот тим за списанието „ Health Affairs“.