Кружната палата е дизајнирана во 1930 година и е дело на букурешкиот архитект Виктор Смигелски, а нејзината главна намена била одржување на културни настани.
Влад Себастијан Русу беше задолжен за редизајнирање на палатата, што е завршено годинава. Првата измена на оригиналниот дизајн на ова културно наследство претставува повторна изградба на главниот гол, кој главните измени ги претрпе во 1950 година, кога целиот објект требаше да биде оспособен како градско кино.
Од истиот период датира и првиот кат на градбата која имаше некои минорни функционални промени за да може да се смести историскиот и етнографски музеј Блај, како и градската библиотека и една од најголемите радио станици во градот.
Со новиот дизајн сите претходни измени на првобитниот објект беа отстранети. Новиот дизајн се движеше во две насоки – првобитниот, кој евовира на неодамнешната трагична историја на зградата и секундарен, со кој се создава флексибилен ентериерен и екстериерен простор.
Главниот хол станува мултифункционална површина со отстранување на сите седишта и со додавање на повеќе светлина со помош на ламби поставени на новозиградениот покрив. Другите се мали промени како реставрација на металната конструкција на покривот, реконструкција на старите ѕидови од тули и спуштени тавани.