Британскиот претприемач Афзал Кан одби неверојатна понуда од седум милиони евра за регистраски таблички „Ф1“.
Непознато лица на Кан му понудило околу седум милиони евра, сепак бизнисменот одлучил регистарските таблички да ги задржи верувајќи дека тие вредат многу повеќе, објави „Дејли Мејл“.
Кан пред пет години регистарските ознки „Ф1“ ги платил „само“ половина милион евра, што се уште е британски рекорд. Британскиот претприемач поседува голема колекција регистарски таблички, а најпопуларна е „Ф1“, што ја носи неговиот автомобил Бугати Веjрон.