Несекојдневна вертикална куќа во Виетнам

Од:

Архитектонското студио „Киентрук О“ дизајнираше несекојденвна куќа чија предна фасада е споена со улицата и симулира изглед на кула.

Вертикалната куќа „Хаус 304“, кој се наоѓа во виетнамскиот град Хо Ши Мин, е широка 3,5 метри и висока речиси 12 метри.  

Архитектите со оваа куќа сакале да создадат ефект на скромен дом за млада брачна двојка и нивните деца, кој ќе се вклопи во типичниот амбиент на виетнамските градови. 

Куќата се состои од четири нивоа споени со елегантни бели скали. На првиот кат се наоѓа влезен хол, дневната соба, трпезаријата и кујната. На вториот и третиот кат се сместени спалните соби, а четвртиоот кат е наменет за канцеларии.  

Празнината во вид на светилник што се наоѓа на средината на таванот овозможува влез на големо количество светлина, која правилно се распоредува низ целиот ентериер. 

На овој начин „Хаус 304“ претставува комбинација на едноставна просторна функционалност со современи материјали и конструкциска методологија.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска