НЕС очила за симултан превод

Од:

Јапонската корпорација НЕС создаде уред што изгледа како нормални очила, но имаат функција изговорените зборови на странски јазик да ги трансформира во пишан превод, што потоа се проектира директно на окото.

„Очилата“ поседуваат мини компјутер и микрофон, а благодарение на технологијата за проектирање текст директно на мрежницата од окото може да се користат со часови без да се почувствува замор на очите.

Компанијата НЕС се надева дека очилата за масовна употреба ќе бидат достапни до 2020 година, кога Токио ќе биде домаќин на летните олимписки игри. Засега очилата преведуваат јапонски, англиски, корејски и кинески јазик.

Кога странци ќе дојдат во Јапонија на меѓународни настани, како што е Олимпијадата, сметаме дека би било многу корисно да можат да го читаат менито во рестораните и други корисни содржини на јапонски јазик, а тоа автоматски да се преведува на нивниот јазик, наведува компанијата НЕС.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска