Сестрите дизајнерки Еко и Меги дизајнирале необични пеперутки-машни кои ги освоија корисниците на интернетот. Во колекцијата се наоѓаат 100 пеперутка машни и сите се рачно направени.
При изработката тие користеле разни техники, меѓу кои се и флицирање на волна и сликање.
Изработката на колекцијата траела 100 дена, а над 1.000 часови биле потрошени на флицирање на волна.
Инспирација им била цитат на Хантер С. Томсон кој гласи: „Се она поради што срцето ќе ви чука посилно, веројатно вреди да се прави”.
Необичните вратоврски можат да се купат на страницата Etsy по цена од 145 долари.