Кликс – Сараево
Туристите често се изненадени од некои локални обичаи во земјите кои ги посетуваат. Страницата Fly To Dubai објави обичаи од целиот свет кои ќе ве шокираат, а се со цел да ги упатат туристите како да се однесуваат.
Ако патувате во Грција треба да имате на ум дека многу тоалети имаат лоши канализациски цевки и тоалетната хартија не може да отиде кога ќе пуштите вода. За Американците е типично да бараат бакшиш каде и да појдете, од келнер до хотелски персонал. Се очекува на ресторанските сметки да додадете уште 15 до 25 отсто бакшиш.
Во Јужноафриканската Република мора да го изедете она што ви се служи бидејќи во спротивно може да се сфати како знак на непочитување и може да ги навреди локалците. Локалните племиња ќе ве почастат со специјални јадења кои често се состојат од инсекти или органи од животни.
Тие кои патуваат во Истанбул се советуваат да понесат чепчиња за уши бидејќи секое утро многу рано ќе ве разбуди звук на езана кој се шири во Истанбул од голем број на џамии. Во Полска ќе мора да плаќате кога одите во тоалет па секогаш подгответе си ситни пари.
Во Кина не важи западната политика „изеди се од чинијата‟. Ако го направите тоа, домаќинот ќе мисли дека сакате уште храна и може да се навреди.
Ако не користите воз како превозно средство во Индија мора да бидете подготвени на тепачка при влез во возот. Но, остатокот од возењето ќе биде пријатно бидејќи се многу културни и ќе ви се извинат ако случајно ве допрат.
Мексиканците се многу срдечни луѓе па не се изненадувајте ако некој од нив буквално „ви се внесе во лице‟ додека разговарате. Додека во Англија или Германија тоа се смета за напад, на Мексиканците тоа им е израз на пријателство.
Французите сакаат да се бакнуваат и при секое поздравување ќе ве бакнат два пати во образ. За разлика од многу земји, во Бугарија мрдањето на главата лево-десно значи „да‟, а горе-доле значи „не‟.
Пред да ги спакувате куферите, добро распрашајте се за земјата во која одите и нејзините обичаи, за да ви биде одморот што по пријатен.