Морското суштество со необичен облик Cirrata, подвид на октопод, беше извор на инспирација за дизајнерот Маркус Јохансон.
Неговата восхитувачка, деликатно формирана лампа има за цел да ја осветли „темнината на океанот“. Нејзината база, обликувана во вид на краци, создава илузија дека лампата плови по површината на која се наоѓа, или на дното океанот каде се родила идејата.
Оваа лампа е направена од кориан (corian), цврст материјал кој најчесто се користи за кујни и бањи.