„Конзолната куќа” е неверојатен објект дизајниран од компанијата „Некст Џенерејшн Ливинг Хоум“ од американската сојузна држава Аризона, која можат да си ја дозволат само оние кои на својата сметка имаат вишок од 53 милиони долари.
Куќата содржи осум спални соби, 12 бањи, две трпезарии, четири тераси, вински подрум, кино и базен кој се наоѓа на последниот кат и се претвора во водопад.
Во гаражата собира најмногу шест автомобили, а пак, за забава и релаксација има два бара – еден внатрешен и еден надворешен.
Компанијата имаат намера вакви вили идната година да изгради и во Шпанија, Италија или Монако.
Архитектите истакнуваат дека е важно ваквите куќи да бидат сместени на повисоко место, заради погледот на цел град.