„Галоп хаус“ e модерна резиденција во Сингапур. Трикатната градба претставува тесна правоаголна кутија со долг базен, кој линиски продолжува кон куќичка на дрво.
Природниот камен травертин, тиковината и локалното дрво се користени низ целиот дизајн на ентериерот, внесувајќи елегантен и целосно природен изглед.
На приземјето има дневна соба, трпезарија и кујна. Во ентериерот, брановидниот простор со двојна висина ги спојува сите три ката, давајќи можност куќата да биде проветрена многу ефикасно.