По забавите во домот останува неподносливиот мирис на цигари. Евe неколку трикови за ослободување од мирисот на чадот од цигари.
Станот треба добро да се проветрува уште за време на забавата за да не се дозволи чадот да се вовлече во завесите и во теписите.
Покрај пепелниците треба да се остав мал сад полн со сода бикарбона, која го впива непријатниот мирис од цигарите.
Исто така, треба да се користат освежувачи за простор, кои го неутрализираат мирисот од цигари. Најдобро е да се користат мириси како лаванда, портокал и лимон, а мирисот на ванила и на амбра помешани со чадот од цигари имаат спротивен ефект.
Мирисот на цигари се неутрализира со миризливи свеќи, кои треба да бидат поставени во близина на местата каде што се пуши.
По забавата станот треба добро да се исчисти, а мебелот да се пребрише со вода и оцет, што ги отстранува непријатните мириси.