Некои смартфони на „Самсунг“ испраќаат фотографии на други луѓе, без знаење на корисниците

Од:

„Самсунг“ и понатаму е најголемиот производител на паметни телефони во светот, а уредите „Галакси“ имаат голема популарност меѓу потрошувачите. На интернет сепак се појавија алармантни податоци за неочекуван проблем поврзан со претходно инсталираната апликација за текстуални пораки на компанијата.

Сопственици на различни модели паметни телефони, меѓу кои Галакси Ноут 8 и Галакси Ес9 се соочиле со проблем кој без нивно знаење, праќа фотографии на други луѓе.

Можеме безбедно да кажеме дека ова е алармантно поради многу различни причини. Од една страна, самите корисници не разбираат што се случува, а од друга сликите се избрани случајно од алгоритам и исто така се споделуваат произволно на избрани луѓе.

Проблемот е поврзан со ажурирањето на „Самсунг Месиџис“ (Samsung Messages), која е по „дефолт“ поставена како апликација за пораки од повеќето паметни телефони од серијата „Галаски“. Компанијата веќе го истражува проблемот.

Можноста дека случајно избрано лице од контакт листата може да добие слика од вашиот албум без да знаете, е крајно загрижувачко. Ако сакате да се заштитите, треба да почнете да користите друга апликација за оваа намена и да ја прескокнете „Самсунг Месиџис“. Можеме само да се надеваме дека јужнокорејскиот производител ќе се погрижи и наскоро ќе претстави надградба која ја обновува нормалната работа на апликацијата и смартфоните.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска