Иако старите луѓе често имаат проблем со несоница, новите истражувања покажуваат дека лошиот сон може да биде показател за зголемен ризик од развој на алцхајмеровата болест.
Невролошкото истражување на Универзитетот во Висконсин опфатило 101 когнитивно здрави лица на возраст од над 63 години, при што сите испитаници пополнувале прашалник за навиките за спиење.
Земајќи го предвид стареењето, семејната историја на алцхајмеровата болест и АпоЕ генот, кој го зголемува ризикот за заболување од неа, како и други фактори, научниците открија дека лошиот квалитет на сонот, проблемите со спиењето и дневната поспаност имаат врска со зголемен ризик од добивање на оваа болест.
Поради што постои врска меѓу Алцхајмер и сонот, не е сосема јасно, но барем една студија на животни покажала дека во текот на сонот се зголемува способноста на мозокот да ги исчисти токсините, како што е бета амолидот, токсичен протеин кој формира план во мозокот кај тие со Алцхајмер. Можеби ист е случајот и кај луѓето.
– Сите кои имаат проблеми при спиењето, не се предодредени да развијат Алцхајмер, вели една од авторите на студијата Барбара Бендлин, професорка од Универзитетот во Висконсин.
– Следевме група на луѓе и во рамки на таа група најдовме врска меѓу лошиот сон и развојот на таа болест. Но, кога следите поединци, не го развиваат сите тој образец.