Не сакал брак, раскинале, па девојката го освои најголемиот џек-пот во историјата на САД

Од:

Поранешниот дечко на Американката која што го освои најголемиот џек пот во историјата на земјата добро го поднесува фактот што нема да учествува во делењето на нејзиното богатство.

Ричард Лорд живеел во вонбрачна заедница со Мејвис Ванчик до крајот на мината година, кога ја прекинала својата врска, а таа му порачала дека тргнува во подобар живот.

Ванчик пред неколку дена освоила 758 милиони долари на лотаријата Пауербол, а иронично е што Лорд се плашел да ја запроси поради лошото искуство од неговиот прв брак.

– Тогаш во разводот останав без половина од имтот, не сакав да ја повторам истата грешка, рече Лорд.

Тој претходно бил во брак 20 години, но тој завршил со главоболки.

– Таа ги доби децата, имав убава куќа, ја доби и неа. Немав ни што да јадам и после сето тоа не се брзав повторно да се оженам, додаде тој.

Според законите на државата Масачусетс, доколку Лорд и Ванчик биле во брак за време на освојувањето на лотаријата тие би морале да ја поделат добивката, меѓутоа, таа држава не ги признава вонбрачните заедници.

– Среќен сум за неа. Немам ништо против неа, се надевам дека ќе ужива во парите, сега има многу, рече Лорд.

Нејзината добивка на Пауербол е втора најголема во историјата, откако претходно падна џек-пот вреден 1,56 милијарди долари, меѓутоа тогаш таа добивка беше делена на три.

Ванчик после плаќањето на даноците од добивката ќе добие 443 милиони долари.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски