Оние кои имаат потешкотии со спиењето знаат дека не постои ништо пофрустрирачки од тоа да легнете порано и да не можете да заспиете до доцните часови додека целиот свет заспива брзо.
Експертката за спиење Кетрин Пинкам од Лондон е основач на клиниката за несоница, која работи за да им помогне на луѓето што имаат проблеми со спиењето и несоницата, давајќи им совети како тој проблем да го надминат.
Како дел од соработката со „Boots“ од нивната кампања „Рестартирање“, таа во јавноста ги сподели осумте чекори за добар сон.
- Избегнувајте да гледате во часовникот
- Зајакнете го вашиот „Sleep drive“ преку поголема активност преку денот.
- Доколку не ви доаѓа потреба за спиење, не легнувајте
- Тргнете ги негативните мисли пред да легнете
- Медитирајте
- Не одете во кревет рано за да се одморите
- Избегнувајте пиење на апчиња за спиење
- Разговарајте со вашиот општ лекар