Избегнувањето на месо не значи дека нашата исхрана ќе биде поздрава, тврди магазинот Journal of the American College of Cardiology.
Дури, објавената студија тврди дека многу учесници кои претежно се хранат со растителна храна, конзумираат повеќе процесуирана храна и засладени пијалоци, поради што имаат зголемен ризик од срцеви болести или смртоносни заболувања, повеќе од луѓето кои избегнуваат процесуирана храна, но умерено јадат месо.
Некои претходни студии заклучија дека луѓето кои се префрлиле на вегетаријанска храна имаат подобро кардиоваскуларно здравје.
„Студиите за вегетаријанска и веганска исхрана не прават разлика меѓу различна квалитетна растителна храна” – вели Амбика Сатија од Харвард. Одредена растителна храна, како цело зрно, овошје и зеленчук, поврзана е со намалување на ризикот од дијабетис тип 2 и кардиоваскуларни болести. Но, друга растителна храна, посебно ако не вклучува сезонски зеленчук, е поврзана со поголем ризик.
Користејќи медицински податоци на околу 200.000 луѓе, научниците формирале три групи учесници и следеле кај која група во текот на годините ќе се развиваат ризици од кардиоваскуларни болести.
Се покажало дека луѓето кои јаделе здрава растителна храна, а умерено вклучиле и животинска храна, имале помал ризик од смртоност поради болно срце, отколку тие кои конзумирале процесуирана растителна храна, а биле исклучиво вегетаријанци или вегани.
Студијата покажува дека тие кои не можат да го исфрлат месото од исхраната, сепак можат да го зачуваат здравјето на срцето, така што умерено ќе избегнуваат животинска храна и ќе го намалат ризикот од заболувања, под услов да се хранат здраво. Како што велат истражувачите, студијата не е против веганите и вегетаријанките, или пак, изговор за неумерено јадење на црвено месо. Дали е месо или не, важно е храната која се внесува да биде навистина здрава.