Обично кога се испива последната шоља од кафе се ослободуваме од талогот. Меѓутоа тоа може да ви послужи за доста работи па така немојте да го фрлате пред да го прочитате ова.
1. Исушете го талогот од кафе и ставете го во чинија а чинијата држете ја во фрижидер, бидејќи на тој начин ќе ги отстраните непријатните миризби.
2. Доколку во домoт држете цвеќе како азалеја или камелија залијте го со талог кафе.
3. Доколку не можете да се ослободите од мравките излејте талог кафе на местото каде се собираат. Исто така може да ви послужи и ако сакате да се ослободите од полжави и други инсекти.
4. Талогот кафе натопете го во врела вода и на тој начин ќе добиете смеѓа боја со која можете да обоите ткаенина.
5. Ако дрвениот мебел ви е полн со гребаници втријте во него малку талог кафе кое претходно сте го измешале со паста за полирање и топла вода.
6. Со талогот можете да исчистите и мрсни површини. Можете да го користете самостојно или во комбинација со средство за миење садови.
7. За вашата мачка да не врши нужда секаде по дворот истурете по него талог кафе и бидете сигурни дека тој мирис ќе ја истера.
8. Доколку садите моркови, во вашатаградина, за да го зголемите родот измешајте талог кафе со ситните семки од морков за време на садењето.
9. Доколку сакате да го исчистите каминот, пред да започнете, врз пепелта истурете талог кафе за да не се дига прашина.