Во последно време сè почесто се спомнуваат фрази како „лажни вести”, термин што звучи многу модерно, меѓутоа во реалност е исто стар колку и новинарството. Она што го стави овој термин во фокус на денешницата е можноста за брза и широка дистрибуција на веста преку социјалните медиуми.
Со самото присуство на социјалните медиуми се согласуваме нашите информации да бидат достапни и нашиот профил да биде достапен до сите огласувачи кои може да нè бомбардираат со реклами и спонзорирани текстови. Иако мислиме дека контролата е во нашите раце, всушност реалноста е дека не можеме секогаш да ги блокираме сите реклами и сите пријатели коишто споделуваат вести на својот профил.
Навикнати да ги консумираме дневните информации преку социјалните медиуми, ние сме еден вид модерни робови кои имаат илузија дека изборот е нивни. Затоа, не оставајте социјалните медиуми да ви сервираат вести, инсталирајте ја апликацијата GRID и почнете со вашиот избор на информации.
Со апликацијата можете да си направите сопствен профил за информирање, одберете кои категории и медиуми сакате да ги следите и бидете во тек со сите информации и новости кои се од ваш интерес. Дополнително можете сами да направите категории користејќи „клучни зборови” и да ги следите само настаните или луѓето кои ве интересираат. На овој начин нема да имате непотребни реклами, нема да имате спонзорирани вести и, најважно од сè, ќе го контролирате протокот на информации што доаѓа до вас. Вие одлучувате на кои медиуми им верувате.
Едноставна за користење, апликацијата е бесплатна и веднаш достапна на Google Playstore или, доколку имате Iphone, може да се регистрирате и да бидете првите кои ќе ја добијат новата iOS верзија.
Платена ПР објава.