Компанијата „Смек Атак“ произведе навлака за волан, која целосно го менува доживувањето при возење, посебно во текот на здодевниот градски сообраќаен метеж.
Речиси, сите потчукнуваат по воланот за време на градскиот метеж, а со оваа навлака тоа ќе се претвори во музика од вашите звучници.
Навлаката е опремена со осум различни сензори, кои произведуваат звуци на различни делови од сет на тапани, а преку Блутут се поврзува со вашиот смартфон. Сигналот се испраќа во аудио системот на автомобилот и сите можат да уживаат во тапанарските вештини на возачот.
„Смек Атак“ е создадена од Грегор Ханушак, кој уверен во натамошниот успех на својата компанија даде отказ во НАСА, каде работел како инженер.
Цената на оваа навлака ќе изнесува 150 долари.