Разузнавачките агенции и сега во голем дел се потпираат на современите технологии, но Универзитетот во Корнел има нова цел – вештачки интелект, што машините ќе ги претвори во шпиони, пишува порталот „Енгаџет“.
И во моментов смарт-системите можат, на пример, да распознаваат лица и објекти, но тие податоци се изолирани во рамките на одредена платформа. Целта на новиот проект е своевидна „автономија“ на уредите, односно автоматско разменување информации.
Научниците за пример го даваат сензорското детектирање на брзо и ненадејно движење на едно лице среде толпа. Така, камерите ќе можат да се користат и за превенција на напад, да речеме, наместо како досега, за интервенција во истрагата.