Научниците открија вакцина против алергија на мачки

Од:

За љубителите на мачки, кои од здравствени причини не можат да престојуваат во близина на своите миленичиња, научниците открија вакцина која ја лекува алергијата на мачки.

Лицата кои имаат дијагностицирана алергија на мачки всушност се алергични на протеинот Фел-д1, кој се наоѓа во крзното на животното. Овој протеин се закачува на првутот на мачката и на тој начин се шири низ просторот во кој се наоѓа мачката. Кога протеинот Фел-д1 ќе влезе во организмот на лицето кое е алергично, тогаш доаѓа до зголемено производство на хистамин и предизвикува црвенило во очите, кивање и отежнато дишење. Тоа е посебно опасно за лицата кои боледуваат од астма или некој друг облик на болест што влијае на дишните патишта.

Вакцината наречена „HypoCat“ е решение за сите лица кои го имаат овој проблем. Научниците ја развивале вакцината повеќе од десет години, а според нив, досегашните истражувања и експерименти покажале дека е многу делотворна. Вакцината се инјектира во мачките, го зајакнува нивниот имунолошки систем, помагајќи им на тој начин да го елиминираат протеинот Фел-д1 од организмот.

За жал, оваа вакцина се уште не е достапна за комерцијална употреба.

Би можело да ве интересира

Првата руска вакцина против рак, почнаа клинички испитувања

Предраг Петровиќ

Најстарата мачка на светот почина на 33 години

A1on

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

Путин најави вакцина против рак

Раст на интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, најавено двосменско работење и работа в сабота

(ВИДЕО) 84-годишен Американец до смрт ја претепа сопругата откако се скарале за мачката

Горан Наумовски