Научниците тврдат дека наскоро ќе можат да дизајнираат цели организми користејќи компјутерски софтвер и 3Д печатари. Клетките ќе можат да се користат за создавање на биогориво, борба против глобалното затоплување, развивање на нов систем на здравствена заштита, развој во медицината или дури создавање на облик на живот на вонземјани на нашата планета.
Џ. Крег Вентер кој помогна во мапирање на човечки геном и го креираше првиот синтетички облик на живот на светот во 2010 година, ја објасни оваа нова теорија во книгата Speed of Light: From the Double Helix to the Dawn of Digital Life.
– Денот кога ќе бидеме способни да испратиме роботски контролирани геноми на други планети за да ја отчитаме ДНК секвенцата на кој било вонземски живот кој може да се најде таму, не е толку далеку. Ако можеме да ги вратиме на Земјата тогаш ќе можеме да ги реконструираме геномите. Синтетичката верзија на марсовски геном може да се користи за креирање на марсовски живот на Земјата – рече Вентер.
Но, ова е двостран процес. Ако вонземјаните дојдат до човечка ДНК и тие би можеле повторно да направат луѓе на својата планета.
Научниците ќе можат да манипулираат и да ја менуваат ДНК додавајќи одредени супстанци за да создадат микроби по мерка.
Напредокот во геномската технологија според Вентер ќе биде дел од генетската револуција и на човечкото тело ќе може да даде отпорност на болести, како и да создаде животни кои ќе служат за храна и лекови. Клетките би можеле да се користат и за зголемување на интелигенцијата или за ширење на човечкиот живот.
Со дизајнирање на клетки на компјутер тие би станале дигитализирани, што би ги направило достапни ширум светот преку интернет.
Вентер сака да го патентира првиот облик на живот кој го создале луѓето, под името Mycoplasma Laboratorium.