Кога гледаме во небото во текот на ведра ноќ, Вселената ни изгледа како црна завеса, која како да е прошарана со бисерна слонова коска и со дијамантски отсјај.
Меѓутоа во реалноста, тие мали светли точка се само просечна боја на универзумот.
Најголемиот дел на ѕвездите во Вселената се формирани уште пред пет милиони години. Во минатото овие ѕвезди биле посјајни и со сина боја, меѓутоа со нивното стареење тие од сини преминуваат во жолти и на крајот се претвораат во црвени.
Благодарение на овие ѕвезди, т.н. „олд тајмери“, бојата на Вселената етапно се менува од сина кон црвеникава. Доколу целата вселена ја ставиме во кутија, според научниците, би виделе дека нејзината боја е нијанса на „светло кафена“.
Меѓутоа оваа бледа боја не би требало да не разочара. Доколку ја земеме истата светлина наместо целиот спектар од бои да гледаме како една целина и ако ја пропуштиме низ призма, би добиле спектар на речиси сите бои на Земјата.
За да ја добијат сликата на целата светлина, научниците ги гледале податоците кои биле добиени со набљудување на светлините на 200.000 галаксии. Потоа изработиле „Вселенски спектар“ за да го претстават збирот на целокупната енергија на вселената, која се емитира на различни светлосни должини.