Научници тврдат дека откриле како да го сузбијат ХИВ вирусот

Од:

Безбеден, проверен третман на антителата може да отвори нови можности за пациентите што живеат со ХИВ вирусот, изјави директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести во американската сојузна држава Мериленд, Ентони Фауци.

Бројот на заразени со ХИВ кои користат лекови, на светско ниво постојано расте, но тие мораат да почитуваат строги правила за да останат во добра здравствена состојба и да земаат лековите цел живот.

Истражувачите истакнуваат дека комбинација од два протеина, коишто предизвикуваат антиефект на ХИВ, може да го отстрани тој вирус за 30 дена од телото на пациентот. Тоа пак, влева надеж дека е можен развој на третман којшто нема да значи секојдневно земање лекови.

Фауци смета дека третманот со антителата претставува прв чекор во развој на нови видови лекување. Првите резултати од третманите се ветувачки, но потребни се уште испитувања, заради зголемување на времето потребно за антителата да бидат активни во уништувањето на ХИВ вирусот.

Според проценките на ОН, во 2017 година, 1,8 милиони луѓе се заразени со ХИВ, а 940.000 починале.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска