Научници случајно пронајдоа досега најмала позната ѕвезда

Од:

Тим астрономи од Кембриџ биле во потрага за егзопланети кога случајно наипле на ново откритие – најмала ѕвезда што некогаш е пронајдена.

Новата ѕвезда наречена ЕБЛМ ЈО555-57Аб, е оддалечена 600 светлосни години од Земјата. Во прашање е џуџеста ѕвезда од класата М.

Користејќи ги податоците од еден експреримент кој се употребува во потрага за нови планети, тие забележале континуирано затемнување на матичната ѕвезда што укажало на постоење на уште еден објект во орбитата. Со понатамошните истражувања откриен е објект многу масивен за планета, па утврдиле дека станува збор за мала ѕвезда.

Иако ЕБЛМ ЈО555-57Аб е неверојатно мала, сепак има доволно голема маса за водородна фузија, процес кој го напојува Сонцето и претставува извор на енергија на Земјата.

Одвај поголема од Сатурн, оваа ѕвезда има гравитациска сила 300 пати поголема од Земјината. Кога ѕвездата би била помала не би имало доволно притисок во нејзиното средиште за фузискиот процес и ѕвездата би била кафено џуџе наместо вистинска ѕвезда.

Тимот планира новата ѕвезда ја искористи за подобро проучување на планетите во нејзинате орбита.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ